Мурињо го нарече Пандев - Македонски крал: Легендарно селфи

Еден од најдобрите фудбалери што Македонија некогаш го имала, но и светска фудбалска ѕвезда повторно во центарот на вниманието

Имено Горан Пандев беше дел од ревијалниот фудбалски натпревар во Букурешт, во чест на најдобрата генерација на романскиот фудбал. Македонската фудбалска легенда постигна гол во дуелот на Тимот на светот и репрезентацијата на Романија.

По натпреварот, тренерот на Тимот на светот, а воедно и поранешен тренер на Пандев, легендата Жозе Мурињо, објави селфи со Горан Пандев, нарекувајќи го Македонскиот крал.