Музејот за шпионажа на КГБ: Распродадени експонатите на Студената војна, писмата од Че Гевара, чадорот убиец
Стотици експонати од музејот за шпионажа КГБ, кој беше
отворен во Њујорк на
почетокот на 2019 година, а
престана да работи во 2020 година, беа продадени на аукцијата „Џулиенс“ во САД, се наведува на веб-страницата
на оваа аукциска куќа.
Најскапиот експонат на аукцијата „Реликвии на Студената војна“ беше женска торба со украс во форма на мува, во која беше изградена скриена камера. Конечната цена се очекуваше да биде две или три илјади долари, но торбата беше продадена за 32 илјади долари.
SOLD for $32,000! A Soviet KGB spy purse used by female operatives, designed to hold a concealed FED model camera.
— Juliens Auctions (@JuliensAuctions) February 13, 2021
Sold today in our "Cold War Relics Auction Featuring The KGB Espionage Museum Collection"! Watch and bid live at https://t.co/TiME89uOXn! pic.twitter.com/zxSajQfpsW
Шпионска монета со скриено купе се продаде за 25.600 американски долари.
А, комплет женска козметика со вградена скриена камера им донесе на организаторите на аукцијата уште 22.400 долари.
SOLD for $22,400! A Soviet KGB spy cosmetic kit containing a hidden "Kiev-30" camera.
— Juliens Auctions (@JuliensAuctions) February 13, 2021
Sold today in our "Cold War Relics Auction Featuring The KGB Espionage Museum Collection"! Watch and bid live at https://t.co/TiME89uOXn! pic.twitter.com/RLu6cJaZBh
На аукцијата беше понудена и копија од чадорот во кој е скриен механизам со игла, кој е наменет за незабележително вбризгување отров. Овој експонат е продаден за 19.200 долари.
Оригиналниот документ, напишан од Ернесто Че Гевара, од 1960 година, кој содржи околу 60 страници, го купил неименуван купувач за 16 илјади долари.
SOLD for $16,000! An original journal believed to be hand-written by Che Guevara, dated 1960 on the front cover.
— Juliens Auctions (@JuliensAuctions) February 13, 2021
Sold today in our "Cold War Relics Auction Featuring The KGB Espionage Museum Collection"! Watch and bid live at https://t.co/TiME89uOXn! pic.twitter.com/hpCAtaBQKc
На аукцијата имаше повеќе од 400 експонати од музејот во Њујорк. Аукцијата се одржа во Беверли Хилс, Калифорнија.
Музејот, чиј кустос е Џулиус Урбаитис, по потекло од Литванија, беше затворен во март 2020 година, поради пандемија на корона вирус. Подоцна беше објавено дека е затворено засекогаш и дека неговите експонати ќе бидат распродадени.
Фото: Tвитер/ kgbespionagemuseum.org/
Можеби ќе ве интересира:
Се сруши најголемиот радиотелескоп на планетата: Барал вонземјани и шпионирал Руси (ФОТО)