На одмор со броени пари: Кризата ги спречи туристите да се опуштат
Туристичките и излетнички места во нашата земја, беа полни за време на годишните одмори. Охрид, Преспа, Дојран, Маврово, Пелистер вриееше насекаде од народ. Во сите помали места, Пештани, Градиште, Отешево, Николиќ беа исполнети сите капацитети. На плажите немаше место каде да ставиш лежалка, а ретко навечер низ кафаните и рестораните можеше да се најде слободно место.
Но, според Заводот за статистика бројот на туристи во месец јули 2020, во однос со минатата 2019 година е намален за повеќе од 50 %, односно е намален за 56%. Бројот на домашни туристи во месец јули, во однос со истиот месец од минатата година е намален за 4.8%, додека странските туристи се намалиле за околу 95%.
Огромниот пад на странските туристи е очекуван поради пандемијата со која се соочува земјава, но и светот. Ковид-кризата го погоди туризмот, но и сите останати дејности и сфери. Коронавирусот со сите свои негативности, создаде поволности за откривање на природните убавини коишто ги има нашата Македонија. Граѓаните, редовно пишуваат и објавуваат фотографии од места во земјава кои ретко ги посетуваме а кои пленат со својата природна убавина. Места за одмор, места за рекреција, места кои се попогодни за лица со авантуристички дух, во секој агол од оваа наша територија има по нешто за секого.
Од државниот завод за статистика, исто така информираат дека во месец јули годинава, во туристичките места низ земјава се пријавиле 75.591 турист. Намалени се ноќевањата на домашните туристи за 6.3%, а бројот на ноќевања од страна на странски туристи очекувано намален за дури 93.4 %.
На само две недели пред почетокот на новата учебна година туристичките места во земјава полека се празнат, но за време на викендите тие се посетени повеќе од жителите од околните населени места и градовите.
Туристичките места беа полни, но трговците и сопствениците на ресторани, кафани и продавници за прехрамбени производи велат дека туристи има, но не и голем профит.
За Машки магазин, сопственик на продавница за прехрамбени производи во Дојран, кој сакаше да остане анонимен вели дека, годинава општо цела сезона била многу послаба за разлика од минатата 2019 година. „Стартувавме со сезоната подоцна, некаде после 15 јуни, започна да се полни Дојран, да пред таа дата имаше луѓе кои имаат викендици и тука ги минуваат деновите во карантин, но туристите започнаа помасовно да доаѓаат околу крајот на јуни и почетокот на јули. Меѓутоа, дали поради големиот број на отпуштања, неизвесноста којашто ја носеше и сеуште ја носи ковид-кризата туристите не се опуштаа премногу со трошења, чинам парите им беа броени и планирани до последниот денар. Поголеми приходи правевме за време на викенд, и неделата пред 02 август и една недела по празникот. Годинава слободно и одговорно тврдам дека сезонава е чиста нула, многу слаба“.
Во екот на летната сезона нашите фоторепортери забележаа и фотографираа голем број на луѓе по плажите, особено за време на продолжените викенди таму буквално лежалките беа една врз друга, ретко кој од туристите одржуваше дистанца а и скоро никој од нив не носеше маска на плажа.
Р.М.М
Можеби ќе ве интересира:
Скриени природни богатства во земјава: Три водопади кои се рајска убавинаДеновиве сите патишта водат кон Бигорски: Манастирот одбележува 1000 години од основањето