На плажа пронашле необични суштества, а уште поголемо изненадување дошло кога дознале колку вредат (ФОТО+ВИДЕО)
Кога дознал колку вредат, пресметал дека на дрвото се
прикачени најмалку 2.000 парчиња и дека нивната вредност е 65.000 долари.
Мартин Грин (47) одмарал со семејството на брегот на Велс, кога на плажа открил нешто многу необично. Неговата сопруга наишла на големо стебло кое било целосно покриено со илјадници школки, кои сите заедно изгледале како некое вонземско суштество. Мартин веднаш го снимил необичното морско суштество и открил дека се работи за витрикус, морско животно кое е подкласа на ракови, а во Португалија и Шпанија се вистински деликатес и се продаваат за 125 долари за 500 грама.
- Знам како сите сакате чудни и прекрасни работи. Овој „гуски врат“ е пронајден на плажа на Велс. Тоа е толку ретко. Воодушевувачки за гледање - напишал 47-годишникот на Фејсбук, каде предизвикал зачуденост кај многумина. Кога дознал колку вредат, пресметал дека на дрвото се прикачени најмалку 2.000 парчиња и дека нивната вредност е 65.000 долари. Тие се сметаат за најскапите морски суштества што може да се купат. Се вели дека се многу вкусни и вообичаени во Галиција, Шпанија, област позната како „Брег на смртта“.
*Оригиналната статија е објавена во септември 2020 година.
Фото и Видео: Фејсбук