На Српскиот кошаркар му го извадија бубрегот за време на Светското првенство
На српскиот репрезентативен кошаркар Бориша Симаниќ му е отстранет бубрегот по ударот кој го прими на натрпеварот против Јужен Судан на Светското првенство коешто се игра на Филипини, потврди Српскиот кошаркарски сојуз.
Симанич во неделата бил подложен на итна операција поради компликации настанати во текот на постоперативното закрепнување по првата операција извредена ноќта меѓи 30-ти и 31-ви август.
„Поради појавата на компликации на повредениот бубрег настапани во постоперативниот период, Бориша Симаниќ повторно беше опериран на 3-ти септември. Поради промената во виталноста на ткивото на бубрегот, со оперативен зафат мораше да биде отстранет целиот бубрег. Очекуваме и посакуваме после овој оперативен зафат постопертивниот тек да мине уредно“, наведе докторот на српската репрезентација Драган Радовановиќ.
Симаниќ беше повреден во самиот финиш од натпреварот од првиот круг од првенството против селекцијата на Јужен Судан одигран на 30-ти август кој Србија го доби со 115:83, коа под самиот обрач со лакт во пределот на бубрегот беше удрен од Нуни Омот.
Нуни Омот му се извини на Бориша Симаниќ за ударот поради кој српскиот кошаркар заврши во болница. Симаниќ итно беше опериран, бидејќи доби непријатен удар во пределот на бубрегот поради што изгубил многу крв. Нуни со лакт го удри Симаниќ под кошот, а по натпреварот меѓу Јужен Судан и Филипини му се извини на српскиот играч.
„Слушнав дека завршил во болница, му се извинувам, немав намера да правам никакви ‘валкани’ потези. Се надевам дека брзо ќе закрепне, ќе се молам за него, ќе бидеш во моите молитви. Јас не сум валкан играч, никогаш не сум бил, искрено му се извинувам од сѐ срце“, изјави Нуни Омот за српските новинари ден по инцидентот.