На своите деца нема да им остави ни евро од 108 милијарди: Бил Гејтс- Сами нека заработат

Бил Гејтс, кој вреди 108 милијарди долари според  „Форбс“, вети дека најголемиот дел од своето богатство ќе го даде во добротворни цели и ги охрабрува славните и екстремно богатите луѓе да донираат поголем дел од своите пари во добротворни цели.
Гејтс е познат по тоа што не ги разгалува своите деца. Бил во една пригода рече: 

„Не е услуга да се остави огромно богатство на децата. Тоа уништува сè што можат да направат сами, создавајќи свој пат. Јас нема да им оставам енормно богатство. Сами нека заработат!“