Наиде на импресивна глетка во шумата: Фотографијата стана вирална

Љубител на природата наиде на сцена во шумата што не се гледа често - пајакова мрежа толку голема што може да „фати“ човек.

Френсис Скалики истражуваше патека во близина на Спрингфилд кога наиде на „суперетка“ глетка, која најпрво го исплаши, а потоа ја сподели фотографијата на Фејсбук и на Одделот за зачувување на Мисури и од таму дозна дека таму живеат неколку видови пајаци кои ткаат такви мрежи.

На нивните страници, тие потенцираат дека, колку и да изгледаат застрашувачки мрежите, пајаците кои ги плетат, се прилично безопасни за луѓето.

Многу такви пајаци се ноќни животни и имаат навика да ги јадат и повторно обновуваат своите мрежи секој ден. Од страницата тие објаснуваат дека пајаците прават мрежи во самрак и ги користат за да фатат плен во текот на ноќта. Наутро ги јадат конците на мрежата со влагата што се собрала на нив како роса и, рециклирајќи ги хранливите материи, ја прават следната мрежа.

Фотографијата привлече големо внимание на Фејсбук, а многумина коментираат дека ќе избегаат веднаш ако наидат на ваква сцена. Други, се разбира, свртеа на шега, „Прекрасен пример за природна архитектура... сè додека не наидете на тоа“, е само една од реакциите.

извор:index.hr