По големиот пожар, новогодишни декорации: Волонтери поставија светилки на опожарени дрвја и ја направија најубавата празнична декорација

Пред само 11 месеци, на ова место беснееше голем пожар што уништи голем дел од околната флора и фауна. 

Пепелта и јагленисаните гранки долго потсетуваа на трагедијата, но денес – токму пред празниците – оваа слика се смени. Група волонтери, на своја иницијатива, одлучија да направат нешто што американските медиуми го нарекоа „чекор на надеж пред празниците“.

Тие ги исекоа изгорените гранки, ја исчистија околината од остатоците од пожарот и на преостанатите дрвја закачија најубави божиќни декорации. Вечерва, Алтадина во Калифорнија изгледа величествено – украсена со стотици светилки, елки и празнични украси, а местото го посети и Дедо Мраз за да ја внесе вистинската празнична магија.

Текстот продолжува на ЖЕНСКИ МАГЗИН