Најдобрите совети од најбогатите луѓе на светот
Според зборовите на Бил Гејтс, успехот е лош учител..
8. Не ви се потребни пари за да ги заработите
Дајмон Џон еднаш има изјавено дека секој пат кога бил успешен, всушност парите немале никаква врска со тоа.
9. Водете сметка за вашата кредитна ситуација
Малите работи можат да ви го уништат кредитната репутација, кажа Софија Аморусо, основач на империјата за продажба преку интернет „Nasty Gal i GirlBoss Media“. За само едно попладне, вашиот кредитен рејтингможе практично да оди во неповрат, бидејќи ќе ви бидат потребни години за банките да ве сметаат како кредитоспособни.
10. Бидете искрено кога станува збор за фактите
Никогаш не смеете да ги игнорирате информациите или да негирате што ви кажуваат фактите, вели Џеф Бусганг. Секогаш треба да побарате колку што можете повеќе информации и поголема слика за вистината. Може да ризикувате понекогаш, но не мора да го засновате бизнисот на среќа.
11. Помирете се со неуспехот
Основачката на компанијата „Spanx“, Сара Блејкли вели дека одржувањето на довербата и покрај неуспесите е она што и помогнало да стане најмладата самостална милијардерка во Америка.
12. Кога сте млади, посветете се на учење, а не на заработка
Размислувате долгорочно, вели Тим Ферис. Научете го занаетот од луѓе кои се поискусни од вас, затоа што ќе соберете многу повеќе трикови од нив отколку што ќе ве научи секој факултет или книга.
13. Управувајте со своите ризици
Онаму каде има големи ризици, може да има и големи награди, но тоа не е секогаш сигурен случај, вели Нил Блументал. Бидете фокусирани на вашата визија, но размислете внимателно за секој чекор што можете да го преземете за да го постигнете.
14. Бидете упорни
Оптимизирајте ги сите ваши шанси за успех. Никогаш не пропуштајте можност и бидете упорни, вели Џули Рајс. Ако не знаете нешто, не се откажувајте се додека не го научите истото.
15. Имајте план
Не ги препуштајте своите пари на случајностите. Научете да управувате со вашите пари и да имате план, без оглед на големината на вашиот капитал или целта што ја имате, вели Алекса вон Тобел.