Најкраткиот тест за интелигенција: Ако точно одговорите на 3 прашања, сигурно припаѓате во групата на натпросечни луѓе

фото:profimedija

Само 17 проценти од луѓето можат успешно да го решат тестот

Интересен тест за интелигенција од само три прашања ќе ви донесе потешкотии, бидејќи повеќето нема да дадат точни одговори при првиот обид.

Згора на тоа, само 17 отсто од луѓето можат успешно да го решат тестот, кој го креираше професорот од Технолошкиот институт во Масачусетс, Шејн Фредерик. Тестот за прв пат беше објавен во 2005 година, а за потребите на своето истражување, професорот Фредерик го даде на повеќе од 3.000 учесници од различни нивоа на образование и се покажа дека е тешко дури и за студентите на најпрестижните американски универзитети како што се Јеил и Харвард.
Дури 83 отсто луѓе не успеале правилно да го решат овој тест, обидете се вие!

Ова се 3 прашања:

1. Палката и топката заедно чинат 1,10 долари. Палката чини еден долар повеќе од топката. Колку чини топката?

2. Ако пет машини прават пет производи за пет минути, колку време ќе им треба на 100 машини за да направат 100 производи?

3. Лилјаните почнаа да го покриваат езерото и секој ден површината покриена со водни лилјани се удвојува. Ако се потребни 48 дена за водените лилјани да го покријат целото езерце, колку време ќе им биде потребно на лилјаните да покријат половина од езерцето?

Ова се одговорите кои луѓето најчесто ги даваат, но не се точни: десет центи, 100 минути, 24 дена.

Еве ги точните одговори:

1. Пет центи

2. Пет минути

3. 47 дена

Објаснување:

1. „Секој што ќе престане да размислува ќе сфати дека разликата помеѓу долар и 10 центи е всушност 90 центи, а не долар, како што е наведено во проблемот“, вели д-р Фредерик, нагласувајќи дека тоа е клучно за решавање на овој проблем. .

Можеби оваа поставка ќе ви го олесни:

Ако топката чини X, а палката чини еден долар повеќе, тогаш палката чини X+1

Топка + Палка = Х + (Х + 1) = 1.10

Значи: 2X+1=1,1, 2X=0,1 и X=0,05

Ова води до заклучок дека топката чини пет центи, а топката чини 1,05 долари.

2. Ако на пет машини им се потребни пет минути за да направат пет производи, тоа значи дека на една машина и се потребни пет минути за да направи еден производ. Ако 100 машини работат истовремено, на секоја и требаат пет минути за еден производ. Така ќе има 100 производи за пет минути.

3. Секој ден површината под лилјаните се удвојува, што значи дека е потребно само уште еден ден за да не покрие половина, туку целото езеро. Односно, во овој случај одиме „наназад“ - ако за 48 дена го покријат целото езеро, само ден порано (за 47 дена) половина од езерото ќе биде покриено.

извор:alo.rs