Најлошите повреди што може да ви се случат во теретана
Теретаната е место на кое одиме кога за да го зајакнеме нашето тело, за да изгледаме подобро и за да го потрошиме нашето време на квалитетен и здрав начин. Теретаната се доживува како место за здравје каде секој може да стане врвен спортист и поради тоа ретко кој размислува за повредите кои можете таму да ги здобиете.
Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека секоја петта личност се повредува во теретаната. Најчестата причина за повреда е не знаењето за извршување на некои вежби. Некои вежби бараат одредена техника и знаење, а ако им пристапите без да знаете точно како, веројатноста дека ќе се повредите е многу голема. Друга најпопуларна причина заради која луѓето масивно се повредуваат во теретаната е префорсирањето, односно работата со многу големи тежини.
Ако се обидувате да подигнете многу големи тежини, постои шанса да си ги повредите мускулите и коските во таа прилика.
Ние одлучивме да ви покажеме едно видео на кое се гледа какви се повреди можат да ви се случат во теретаната, па ако сте почетник обавезно прашајте некого за совет или ангажирајте приватен тренер.