Најшокантното запросување досега: Ја побара за жена на многу бизарен начин, а таа започна да плаче (ВИДЕО)

Запросувањето треба да биде посебен момент во животот на секоја двојка. Кога велиме специјално, мислиме на нешто што и таа и тој засекогаш ќе го паметат моментот по нешто убаво и симпатично. По некој романтичен момент, место, детаљ...

Но, бидејќи не има секакви по карактер, на овој „генијалец“ му текна да ја изобличи таа идеја и се чини дека тоа е многу лошо, лошо решение.

Така, додека тој возеше со својата избраничка во автомобилот, некои момци му тропнаа на стаклото, па го „принудија“ да се сврти од патот и да го паркира возилото настрана.

Потоа му се заканија, велејќи му дека ќе го претепаат затоа што му должи на неговиот мафијашки шеф 80.000 пезоси и на крајот го „натераа да клекне под закана на безбол палка“.

Се испостави дека станува збор за претстава што му претходела на „свечениот момент“, а ситуацијата толку многу ја исплашила девојката што почнала да плаче.

Се смири дури откако сфати дека никој не е во животна опасност и на крајот се согласи да се омажи.

Видеото досега собра скоро 400.000 прегледи на ЈуТјуб, но претпоставувам дека никој нема да излезе со иста или слична идеја.