Најтесната зграда во светот, а причината е луда: Изградена е кога едниот брат сакал да му се одмазди на друг

Сите сме виделе згради како никнуваат една до друга и така кога ќе погледнете низ прозорецот, гледате во чинијата или бањата на соседот, но една висококатница од Бејрут е особено привлечна.

Оваа зграда, која важи за најтесна во тој град, не е таква поради немањето простор и желбата да се искористи секоја педа, туку од сосема друга причина - за инает!

Изградена е во 1950-тите на земјиште што го наследиле двајца браќа од нивниот татко. Како да не било доволно што не можеле да се договорат за градба, работата се замрсила откако градската власт им одзела дел од земјиштето.

На крајот им останало парче земја со чудна форма која била веднаш до улицата.

Еден од наследниците, кој го добил овој несреќен дел, направил тесна зграда за да му се одмазди на својот брат, кој подобро се снашол и со тоа му го блокирал погледот кон морето, но и ја намалил вредноста на земјиштето.

Зградата која мештаните ја нарекуваат „Инат“, на најтесните места е широка само 60 сантиметри, а на најшироките околу 4 метри. Висока е 14 метри, а на секој кат има по два стана.

Долго време служеше како бордел, а потоа стана засолниште за бегалците кои бегаат од војната. Денес никој не живее во неа, но тоа е потсетување на глупавата поговорка „ако јас немам, нема да имаш ни ти“. Сопствениците не планираат да ја рушат бидејќи на толку мал простор тешко ќе се најде нова намена.

ВИДЕО:

извор:beograd.in