Наши машки манекени кои ветуваат: Тежок пат до успехот
Работат и во странство. Нивните кариери се движат во нагорна линија и очекуваме да ги видиме на ревиите од познатите светски дизајнери.
Кој може повеќе да продаде мода, машки или женски модел? Од кого може светската модна индустрија да заработи милиони ако не од разголеното женско тело?
Грациозноста, ставот, линијата... се предуслови за манекенките да бидат секогаш и секаде барани. Машките манекени не се премногу атрактивни за да можат да парираат на нивните колешки. Машката мода исто така не е толку атрактивна како женската.
Од секогаш се знаело дека манекенките се многу повеќе платени од манекените. Еден прост пример- ако една манекенка има десет кастинзи во денот, таа има реални шанси да ја одберат.
Машкиот манекен треба многу повеќе да се потруди, па во текот на една недела може да посети само два или три кастинзи (бидејќи има малку кастинзи за машка мода) и да не влезе во потесниот круг. И да влезе, неговиот хонорар ни одблизу не е ист како кај манекенките.
Тој треба да се намачи мноооогу повеќе за да ги добие истите пари кои ги добила неговата колешка од само еден ангажман. Повеќе не е никаква дилема дека и машките модели почнаа да се разголуваат ама ни тоа не придонесува премногу за нивна континуирана светска слава како онаа на Жизел Бундчен или Адријана Лима.
Тие работеа и по 15 години како манекенки и до сега заработија милиони. Проблемот е во машката мода. Со неа не може претерано да се игра како кај женската мода.
И се додека е така, ќе има манекени, но недоволно платени и недоволно истретирани.
Кај нас имаме машки манекени, но не може да се каже дека се ангажирани како нивните колешки. Овде нема машка мода како на Запад. Редуцирани се и дизајнерите и конфекциите кои прават машка облека. Некои од нашите манекени пробуваат својата кариера да ја „изодат“ и во странство. Засега добро им оди, но тоа е релативно. Ние им посакуваме успех!
Христијан Стојаноски
Работи во Индија, но често го има и кај нас, во рекламни спотови и кампањи. Тој е манекенот кој ветува многу на интернационален план.
Александар Златановски
Работеше неколку кампањи за странскиот пазар и најчесто го има на фотосесии за овдешните брендови кои имаат франшизи.
Павле Николовски
Претежно е во Белград или во Турција. Постојано има ангажмани. Засега е нај ангажираниот наш манекен.
Небојша Толески