(ФОТО) Зависност на две тркала: Наши мотоциклисти за кои се зборува

Патиштата со нив им се многу полесни за возење. Но чувството кое го создаваат е незаменливо..

За некои мотоциклот е само обично превозно сретство, за други претставува само убав експонат, а за трети тој е животен стил, нераскинлив дел од нив. Оној кој барем еднаш не се качил, не знае какво е чувството да се вози без врати и покрив, а притоа ветрот да те „удира” зависно од силината на брзината. 

Тие што скоро цел живот возат мотоцикл раскажуваат дека слободата која ја чуствуваат при возењето, страста кон итањето напред и егзибициите кои можат да се создадат, со ништо не може да се замени. Секако, тие секогаш ќе ви дадат најдобронамерен совет да носите заштитна опрема и да бидете свесни дека сте изложени на пат. 

Кај нас има многу љубители кои возат мотоцикл. Заедничко им е што имаат „машини” со одлични перформанси и стилски обликувани од реномирани производители. Ги доживуваат како свои миленици, ги одржуваат, понекогаш се натпреваруваат, ама кога ќе ги видиме во град секогаш го привлекуваат вниманието. 

Бојан Ковач

Мултиталентиран човек, способен и за многу интересни спортови. Со својот мотоцикл е вистинска атракција. Често знае да го смени, но како да е сраснат во секој од нив.

Љупчо Куновски

Мотоциклот му е вистинска страст, оддишка од секојдневието, љубов. Често оди на регионални мото фестови и ужива во брзо возење.

Бојан No-one

Го личи со мотоцикл. Исполнет е со адреналин кога го вози. Ги сака и автомобилите, ама мотоциклот му e број 1.

Флорент Рустеми

Постојано е на мотоцикл. Неговата моќна машина на две тркала е вистински предизвик за него. Облечен целосно во мотоциклистичка облека и опрема патува кон нови предизвици.

Н.Т.