НАШИНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ХРВАТСКА, се бараат карти и кон европските гастербајтерски дестинации
Почетокот на туристичката сезона во Хрватска примамува се повеќе Македонци, кои изминатиов период најмногу патувале кон некои од туристичките дестинации во оваа земја. Но, традиционално нашинците најчесто патуваат во некои од земјите во Европа каде има најмногу гастебајтери како што се Германија, Австрија и Швајцарија.
Податоците покажуваат дека во првите три месеци од годинава има зголемување на бројот на патници кои користеле патнички превоз, односно патувале со автобуси, но има намалување на превозот на стоки.
- Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 899 илјади, во градско-приградскиот превоз 12.097 илјади, во железничкиот превоз 102 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 493.096. Во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со првото тримесечје од 2022 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 14,4 отсто, во железничкиот превоз е намалено за 40,8 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 8,1 отсто – стои во извештајот на Државниот завод за статистика.
Се забележува дека има зголемување на бројот на патници како во меѓуградскиот превоз, така и во националниот и меѓународниот превоз. Исто така бројот на патници се зголемува кај сите типови на превоз, поточно кај патничкиот, железничкиот и авионскиот.
Целиот текст на ФАКТОР