Научниците забележале врска помеѓу ќелавоста и потешка форма на коронавирус. За што се работи?
Американски научници посочија во своето последно истражување невообичаена поврзаност помеѓу ќелавоста кај мажите и потешките симптоми на инфекција со коронавирус.
Се вели дека тешката симптоматска инфекција ковид-19 е поверојатна кај машките пациенти со сериозно опаѓање на косата, експертите забележале нивоа на ќелавост кај 1941 хоспитализиран пациент тестирани за коронавирус.
За време на оваа студија, истражувачите сакаа да ги забележат нивоата на зачестеност на опаѓање на косата, но и други фактори (возраст, телесна тежина) кај оние мажи со потешки симптоми на коронавирус, т.е. кои се хоспитализирани и позитивни на ковид-19.
Поголем процент на ќелавост кај хоспитализирани пациенти
Од хоспитализираните 1941 пациенти, 1.605 биле негативни за коронавирус и 336 позитивни. Средната возраст и средната телесна тежина биле слични и во обете групи, а процентот на различни нивоа на ќелавост е ист кај пациенти со ковид-19-негативни. Но, забележано е зголемување на процентот на повисоки нивоа на опаѓање на косата кај оние кои биле заразени со коронавирус.
Податоците покажале дека 15.03% од заразените мажи не страдаат од опаѓање на косата, 16,83% од заразените имаат благо, 18,15% умерено опаѓање и 20,05% значително губење на косата.
Студија во Шпанија
Слични забелешки беа дадени и од други експерти, кои во претходната студија објавена во Journal на Американската академија за дерматологија, изјавија дека тешката симптоматска инфекција ковид-19 е поверојатна кај малолетни пациенти.
Дерматологот Карлос Густаво Вамбиер од универзитетот Браун, во соработка со шпански научници, анализирал податоци од 175 хоспитализирани пациенти со коронавирус во Мадрид во март и април 2020 година. Меѓу нив имало 122 мажи и 53 жени.
Тие забележале дека инциденцата на опаѓање на косата е 79% кај мажите и 42% кај жени. Просечната возраст на пациентите била 71 година.
Клучен фактор се машките хормони?
Иако авторите на овие студии сами цитираа ограничувања на студијата, како што е премногу мал примерок и недостаток на определување каузалност, Вамбиер за Телеграф изјави дека верува дека ќелавоста може да биде добар предиктор за сериозноста на инфекцијата „ковид-19“.
Имено, Вамбиер верува дека машките полови хормони како тестостеронот можат да играат улога не само во опаѓање на косата, туку и во посилната способност на коронавирусот да ги напаѓа клетките.
„Сметаме дека машките хормони дефинитивно го олеснуваат влегувањето на вирусот во нашите клетки“, рече тој.
Критики на други научници
Статистичарот Кевин МекКонвеј од универзитетот Милтон Кејнс ги коментираше недостатоците на овие студии.
"Во гореспоменатите студии, истражувачите само гледаа колку мажи имаат изразено опаѓање на косата позитивни за ковид-19. Проблемот е во тоа што ќелавите мажи се разликуваат едни од други во повеќе фактори отколку нивоата на губење на косата", рече МекКонвеј.
"Ако ништо друго, постарите мажи ќе имаат помалку коса од помладите. Познато е дека постарите луѓе со поголема веројатност посериозно да ги зафати коронавирусот. Значи, ќелавоста и сериозноста на симптомите не мора да бидат причинско-последични", додаде тој.
"На пример, оваа студија не ги земала предвид етничката припадност, нивото на сиромаштија на машките испитаници. И секој од овие фактори може да влијае на нивото на опаѓање на косата. Оваа студија нема силен доказ дека ќелавоста е фактор на ризик за посериозни симптоми на инфекција со ковид-19". Заклучи МекКонвеј.