Научниците запрепастени: Стаорците се повеќе личат на луѓето
Стаорците се повеќе личат на луѓето во нивното однесување и навики, но и во однос на болести кои влијаат врз нив и начинот на кој се менува нивната генетска структура, се вели во студија на научници, објавена во научното онлајн списание Виорксив.
Промените во ДНК на стаорците, покажуваат дека тие се повеќе склони кон здравствени проблеми што луѓето ги имаат заради нивниот животен стил и навики.
Исто како и луѓето, стаорците што живеат во големите градови се повеќе склони кон стрес, здравствени ризици од загадување на воздухот или лоша исхрана.
„Стаорците го сменија своето однесување и исхрана на начин, сличен на човечковото однесување. Така, на пример, во Њујорк, можеме да видиме стаорци кои ја јадат омилената храна на жителите на градот, како што се ѓевреци и пиво, или во Париз јадат кроасани и путер. Тие се прилагодуваат на неверојатен начин. “, вели Арбел Харпак, генетичар од универзитетот Колумбија во Њујорк, кој го предводи тимот на научници.
Најголемите промени се забележани кај гените за исхраната, однесувањето и движењето, тие ја отсликуваат потребата стаорците да се прилагодат на живеење во заедница со луѓето, а со тоа и нивните навики се слични на оние на луѓето меѓу кои живеат.
„Исхраната на луѓето и стаорците се менува на сличен начин - се повеќе консумираат преработени шеќери и масти. Поради ова, здравствените ризици кај луѓето и стаорците се слични “, велат истражувачите.
Исто така, забележано е дека постојат значителни разлики во гените на стаорци кои живеат во урбани и рурални области, така што оние што живеат во градовите се подобро прилагодени за движење по канализациони цевки.
Научниците исто така велат дека постојат значителни промени во генените кај стаорци, кои се поврзани со ментални нарушувања.