Научник го уништи животот на 20 илјади луѓе, а на судењето во одбрана изговори само една недолична реченица
фото:PIXABAY
Ени Дукан е одговорна за неправедни пресуди за над 20.000 луѓе. А како се бранеше на суд?
Злобната Ени Дукан беше хемичарка која работеше во лабораторија во Масачусетс и соработуваше со јавното обвинителство. Таа обработувала тестови за лекови на лабораториски примероци, кои биле земени од осомничените. Но, за да се истакне и да покаже колку е успешна во својата работа, започнала да додава илегални лекови на лабораториски примероци. Поминаа најмалку 8 години пред официјално да биде уапсена.
Нејзината единствена одбрана беа зборовите: „Само сакав да бидам најдобра.“
Таа никогаш не ги виде последиците, а уништи животи на илјадници луѓе. Стотици погрешни пресуди сега се укинати, додека многумина сè уште се разгледуваат. Некои од овие луѓе се во затвор над 10 години. Она што е најтешко од се' е што на многу затвореници им е многу тешко да се вратат во нормален живот.
“Бидејќи бев осуден како криминалец поврзан со дрога, не можев ниту да се образувам, ја изгубив работата, осигурувањето. Не можам да најдам пристојна работа со солидна плата. Прашање е дали ќе можам да се вратам на колеџ “, рече Тимоти Тејлор еден од погрешно осудените.
Ени отслужи три години од казната и беше ослободена во 2016 година и сега е на слобода. Живее „мирен живот“ и избегнува да дава какви било изјави за медиумите.