НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ на познатиот генетичар: Пластиката ги оштетува белите дробови, срцето и влијае на плодноста
Познатиот генетичар Миодраг Стојковиќ, заедно со колегите од Србија, Велика Британија, САД и Шпанија, спроведоа научно истражување за влијанието на пластиката врз здравјето. Податоците со кои се излегоа се загрижувачки. Според овие откритија, пластиката влијае на стерилитетот, белите дробови, срцето…
Студијата, спроведена скоро две години, наведува дека загадувањето на животната средина со пластика во последните години резултирало во дневен внес - преку воздух, храна и вода.
Студијата наведува каков ефект има пластиката врз човечките клетки, раниот развој и појавата на болести.
„Микроскопската видлива пластика влијае на стерилитет, имплантација на ембриони, абнормален развој на окото, белите дробови, срцевите залистоци, кардиоваскуларните заболувања“, објави Стојковиќ на својот профил на Твитер.
Тој рече дека оние што работат во индустријата на автомобили, санитарна опрема или со 3Д принтери се изложени на поголем ризик затоа што пластиката се внесува и преку воздухот.
На прашањето дали водата што се пие од пластични шишиња и храната завиткана во пластика е опасна, тој рече дека е така!
„Да, ја има, како во водата така и во храната, чајот, медот, солта, шеќерот...а стерилитетот е прикажан со бифенол А“, рече Стојковиќ.
Тој посочи дека полистиренот многу често се користи во пакување храна, кафе, но и дека другите видови пластика се штетни кога ќе влезат во клетките, не само заради штетите што ги предизвикуваат физички, туку и како носители на токсични материи, бактерии и органски материи.