НБМ гарантира, денарот е и ќе остане стабилен: НЕМА НИКАКВА ПОТРЕБА ЗАШТЕДИТЕ ВО ДЕНАРИ ДА СЕ МЕНУВААТ ВО ЕВРА

Нема никаква потреба граѓаните што имаат штедни влогови во денари, нив да ги менуваат во евра, советуваат од Народна банка на Македонија. 

Оттаму уште еднаш цврсто гарантираат дека денарот е и ќе остане стабилен, и граѓаните по ова прашање можат да бидат целосно спокојни.

Поради интерес на одредени граѓани околу овие и други теми, Фактор ја праша централната банка дали во менувачниците и во банките во земјава граѓаните можат да купат доволно евра, дали некаде нема доволно и од кои причини доаѓа до застој во понудата? Како и дали граѓаните можат да бидат мирни дека евра ќе има доволно на пазарот?

Монетарните власти тврдат дека на пазарот има доволни количини евра, но дека некои од менувачниците не работат или работат со скратено време, заради мерките за заштита. 

„На менувачкиот пазар има соодветни количини на евра. Народната банка на дневна основа обезбедуба доволна ликвидност кај банките – кога кај нив има недостиг, таа им продава евра, а ако имаат вишок, откупува евра од нив. Кај менувачниците, во овој период, побарувачката е и помала од претходно, бидејќи согласно со мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, односно намалувањето на движењето и немањето патувања надвор од земјата, граѓаните немаат потреба од девизи на нивото коешто претходно било вообичаено. Исто така, некои од менувачниците не работат или работат со скратено работно време, заради мерките за заштита на здравјето воведени од Владата“, објаснуваат од Народната банка за Фактор каде може да го прочитате целиот текст