Не го сожалувајте поради бојкотот: Целиот имот на Ѓоковиќ вреди колку пола Македонија
На најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, возбудливата кариера и големиот број значајни трофеи се придружени со соодветно банкарско салдо, така што Новак е лидер во историјата со заработка од 140 милиони евра. Иако помина низ пекол изминативе месеци со коронавирус заплетите и дисквалификацијата на УС Опен, тоа ни од далеку не значи дека неговата финансиска ситуација е разнишана.
Не е тајна дека овој Србин сака да троши, а огромните пари што ги заработил од тенисот, особено ги инвестира во луксузен недвижен имот. Оттаму, како што пренесува српскиот Телеграф, Новак има луксузни станови и куќи во Монте Карло, Њујорк, Мајами, Белград, Тиват, а исто така поседува и прекрасна вила во срцето на Срем, на бреговите на езерото Павловац.
Базата на Новак и местото каде што го поминува поголемиот дел од времето е Монако. Добра клима, терени, даночни олеснувања ... сите овие нешта се мотиви да се реши да живее во познатото кнежество на Азурниот брег. На една од најпрестижните локации во Монте Карло, Ноле има стан со кралски изглед, а неговите соседи се познати спортски лица како Каролина Возњацки и Луис Хамилтон.
Новак исто така има недвижен имот во Соединетите држави. Во 2017 година, Вол Стрит Журнал објави дека Ѓоковиќ купил две станбени единици со вкупна големина од 185 квадратни метри во Њујорк, Менхетен, и се проценува дека тој за тоа задоволство издвоил 5,4 милиони долари (5 милиони евра). Интересно е што има познат сосед веднаш до него- Кристијано Роналдо.
Исто така, купи стан во Мајами во елитното монденско место „Ејти Севен парк“ на брегот на Мајами Бич, во зграда дизајнирана од италијанскиот архитект Ренцо Пијано. За ова задоволство издвои 6 милиони евра.
Тенисеротт има својот голем имот во родниот Белград, каде купи стан во елитната населба „Запад 65“. Некои медиуми пишуваат дека Новак платил 545.000 евра за пентхаус од 250 квадратни метри во оваа населба, како и дека има тераса од 100 метри квадратни со базен и три гаражни места.
Ѓоковиќ поседува и стан во елитната населба Порто Монте Негро во Тиват, кој го користи за крстарење на Јадранот. Според извештаите на медиумите, станот е во вредност од околу 2,2 милиони евра, а истиот бил реновиран по раѓањето на синот Стефан.
Конечно, има вила во Срем кај езерото Павловачко, кое сè уште е во изградба. Има 1.200 квадратни метри и базен, а интересно е што цените на парцелите на ова место скокнале неколку пати откако се дознало дека Ѓоковиќ таму гради вила.