Забава // Занимливости
                    
                    
                
                
                Не за Северна, а македонскиот е секси јазик: Лозаноски со награда на MAC
- 28 Јануари, 2020 00:06
 
                    Влатко
Лозаноски ја доби наградата за најдобра Поп- фолк нумера за песната "Мајко" на
доделувањето на балканските музички награди MAC во Белград. Пред широкиот
аудиториум, Влатко се обрати на македонски јазик и кажа дека доаѓа од Македонија,
а не од земјата со новото име. Исто така, рече дека зборува на македонски јазик
затоа што во една прилика, српската пејачка Јелена Карлеуша рекла дека
македонскиот е секси јазик за неа.
 
                     
                 
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                            