Не знаел за смртта на кралицата? Еден човек дал интервју за Би-Би-Си и шокираше: „По пат ми е, па затоа сум тука“

„Мислев дека нешто се случува тука. Па дојдов да видам, да бидам дел од тоа“, ѝ рекол на новинарката и ѝ објаснил дека живее во близина на палатата и дека му било на пет минути пешачење, па затоа дошол

По ова видео, гледачите останаа убедени дека човекот со кој репортерката се сретнала пред Бакингемската палата всушност не знаел дека кралицата починала и покрај тоа што бил пред кралската резиденција.

На новинарско прашање зошто толку доцнел пред палатата, тој дал необичен одговор и ја збунил.

-Всушност дојдов дома после деловен настан, го вклучив телевизорот и Ве видов Вас - ѝ рекол на новинарката.

- Помислив дека нешто се случува. Па дојдов да видам, да бидам дел од тоа - рече тој, на што новинарката одговори дека е сигурна дека „таа не е причината за неговото доаѓање'.

- Не Вие, мислев на овој настан. За тоа дека има луѓе - продолжи на свој начин и рече дека и онака е оддалечен само на пет минути од палатата.

- Сета оваа различност што се случува во моментов е добра и интересна, и навистина убава. Дали е тоа? - заклучи тој.

Новинарката потоа брзо го заврши интервјуто заблагодарувајќи му се и продолжи со својот сегмент на друго место.

Видето погледнете во ОВДЕ: