Стил // Совети
Неколку трикови како да ги одржите омилените патики и да избегнете непријатни мириси

Колку и да ги сакаме нашите омилени патики, често се соочуваме со еден непријатен проблем – лошиот мирис.
Наместо да фрлате пари на скапи спрејови и хемикалии, постојат едноставни и природни решенија кои ќе ви помогнат патиките повторно да мирисаат свежо.
Еве ти неколку природни решенија против непријатен мирис во патики:
1. Сода бикарбона
Стави по една лажица сода бикарбона во секоја патика и остави преку ноќ.
Наутро истури ја содата – ќе ја впие влагата и мирисот.
2. Чајни кеси
Стави суви кесички црн или зелен чај во патиките.
Чајот ги апсорбира мирисите и има благ антибактериски ефект.
3. Лимон или портокал
Стави кора од лимон или портокал во патиките преку ноќ.
Цитрусот остава свеж мирис и делува како природен дезодоранс.
4. Лаванда или рузмарин
Неколку гранчиња сувa лаванда или рузмарин во платнена кесичка можат да се стават внатре.
Освежуваат и спречуваат развој на бактерии.