Нема да ви се верува како се храни стршленот: Нивниот циклус е невообичаен и шокантен

Стршленот (лат. Vespa) е најголемата еусоцијална оса и може да достигне должина до 45 мм. Препознатлив е по поширокото теме и жолто-црната боја.
Постојат повеќе видови кои живеат во Европа, Африка, Азија и Америка, прилагодени на различни клими – освен на места со трајно ниски температури.
Возрасните стршлени се хранат со сокови од дрвја, овошје и други слатки материи, додека ларвите добиваат протеини од инсекти кои возрасните ги ловат. Една колонија од 300–400 стршлени за време на летото може да улови околу половина килограм инсекти дневно, со што придонесуваат за уништување штетници и одржување на природната рамнотежа.
Меѓутоа, често напаѓаат и пчели, од кои го цицаат нектарот и ги користат мускулите за хранење на младите.
Животниот циклус почнува напролет кога матицата што ја преживеала зимата започнува со изградба на гнездо. Тоа се гради на заштитени места како под стреи, во гаражи, шупливи дрва или под кровови. Во гнездо може да има и до 5.000 стршлени. На крајот од летото се создаваат нови матици кои презимуваат, додека старата колонија умира.
Стршлените се помалку агресивни од другите оси, но стануваат опасни ако се вознемири нивното гнездо. Нивниот отров е помалку токсичен, но убодот е поболен поради поголемиот удел на ацетилхолин.
Смртоносен е само за луѓе со алергии или при убод во уста и грло, поради опасност од гушење. За сериозна закана би биле потребни повеќе од 500 убоди, што е практично невозможно.
Се препорачува да не се приоѓа до гнездо и наместо тоа да се повика стручњак. Најбезбедно време за третирање е ноќе кога инсектите се најмалку активни. Постојат специјални спрејови со домет до 5 метри кои делуваат и до 24 часа, но секогаш е потребна голема претпазливост.
Извор / EPA