Нема нешто што не лечи: Ова е најздравото овошје на светот, неговите семки, овошје и лисја се лековити
Поради изобилството на витамини и минерали, ова растение
зазема значајно место во народната медицина
Кога ќе се спомне дуња, сите помислуваат на ракија или слатко. Само кога ќе се појават проблеми со кашлица и желудник, дури тогаш се потсетуваме на народната медицина и лековитите својства на ова овошје од кое се користи се‘: и плодот, и семките и листовите.
Овошје
Дуњата содржи малку калории, сол и масти, па затоа се препорачува за контрола на тежината, додека компот направен од ова овошје треба да го јадат оние кои имаат проблеми со варењето и чир на желудникот.
Ова овошје содржи многу витамини Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи и протеини, диетални влакна и јаглехидрати.
Самото овошје има повеќе витамин Ц отколку што може да се најде во лимонот. Благодарение на ова, дуњата ги спречува инфекциите и го зајакнува имунолошкиот систем. Поволно делува на респираторниот систем, па се препорачува при долготрајна и упорна кашлица, особено ако се работи за бронхитис.
Сокот од дуња лечи кашлица, астма и дијареа, додека печената или варена дуња се препорачува за анемични лица, но и за лекување на воспаленија на желудникот и цревата, како и за обилни циклуси, пишува biljeza.com.
Сокот се подготвува така што една голема дуња добро се мие и се сече на прстени, но со се‘ лушпа. Потоа се прелива со литар вода и се вари додека не зоврие на половина. Кога ќе се излади, сокот се цеди, но дуњата не се фрла туку може да се јаде.
Семиња
Од семки од дуња се прави чај кој го чисти респираторниот тракт и е ефикасен против кашлица. Семките треба да се остават да отстојат во вода и да ослободат слуз, кој е одличен за белите дробови бидејќи содржи големи количества амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство.
Со оглед на тоа што се богати со антиоксиданси, семките се покажаа како добри за лекување на рани и благи изгореници. Она што треба да го направите е да ги искршите семките за да добиете слуз за лекување на проблематичните области.
Лист
Сувиот лист од дуња е толку корисен што секоја куќа треба да има мала количина бидејќи може да биде прва помош за дијареа, без разлика дали се работи за деца или за возрасни.
Чајот се прави така што три листови се прелеваат со 250 милилитри врела вода. Чашата се покрива и се остава да отстои 15 минути. Чајот не треба да се засладува, а може да се пие ладен.
Овој чај се препорачува и за дехидрација.
Фото: unsplash
Извор: пинк.рс