Несторовски во составот на Милевски, напаѓачот добива повик за дуелите со Финска и Азербејџан

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација на 17 и 20 ноември ќе одигра два пријателски меча со Финска и Азербејџан во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски за овие два натпревари смета и на Илија Несторовски кој по подолга пауза се враќа во националниот тим.

Несторовски сезонава за Удинезе има одиграно 128 минути на шест средби а на само една беше стартер.

Последниот натпревар на Несторовски за националниот тим го одигра на 28. март минатата година против Лихтенштајн, постигна гол од пенал во Скопје, потоа се повреди и не настапуваше за А-репрезентацијата.