Неуспешно запросување на натпреварот на Партизан: Навивачот доживеа големо РАЗОЧАРУВАЊЕ откако клекна пред девојката

Во средината на првата четвртина, додека Партизан имаше водство од 14:4, парот се појави на големото платно во салата

За време на натпреварот помеѓу Партизан и Зенит во Суперкупот на ВТБ лигата кој се одржува во Русија, еден од навивачите се обидел да ја запроси својата девојка.

Навивачот клекнал со прстенот пред својата девојка, која одмавнала со главата и ја ставила кутијата за прстен пред неа.

Мажот потоа станал и се сокрил од кадарот додека девојката го покривала лицето со рацете.


„Не би биле во кожата на овој човек“, стои во описот на видеото кое се шири на социјалните мрежи.

„Јавните предлози ретко се добра идеја“, заклучил еден корисник на Твитер.


Фото и Видео: Твитер