Неверојатно откритие во Јапонија: Научниците направија „машина за соништа“

Верувале или не, научниците во Јапонија направија „машина за соништа“ - уред кој може да го репродуцира она за што сонуваме исто како да гледаме видео!

Факт е дека многу луѓе се будат наутро обидувајќи се да се сетат за што сонувале и не успеваат во тоа. Па, Јапонците тврдат дека тоа е можно со помош на нова технологија базирана на уред сличен на магнетната резонанца, која, сепак, се уште е во фаза на тестирање.

Станува збор за модифициран медицински уред, кој користи радио бранови за детално испитување на органите, оштетување на крвните садови во мозокот, тумори, повреди на 'рбетниот мозок, нарушувања на окото или внатрешното уво...

- „Машината за соништата“ работи така што ја мери мозочната активност додека луѓето спијат. Податоците потоа се внесуваат во алгоритам, кој го реконструира сонот, а реконструкцијата резултира со репродукција на сонот - пишува „Дејли мејл“ за потфатот на научниците во лабораторијата за неврологија во Кјото.

Алгоритмите се користат за поврзување на скенираните податоци од мозокот со соодветните слики на кои тие се однесуваат.

Научниците поминале низ неколку фази во изградбата на „машината за читање соништа“. Прво, тие мораа да ги замолат волонтерите да ги погледнат фотографиите во различни бои. Во текот на овој процес, нивната модифицирана машина имитирала елементи од букви и слики што ги гледале волонтерите. Иако е нејасно, контурите на сликите можеа да се видат на мониторот, а следниот чекор во усовршувањето на машината е како јасно да се видат сликите.

- На тој начин човек кога ќе се разбуди, на екранот ќе може да види слики од сонот, а на тој начин ќе се потсети на она што го сонувал - велат јапонските научници.

Признаваат дека оваа машина не е совршена и дека нејзината точност е околу 60 отсто, но се оптимисти и веруваат дека ова е добар почеток за напредок во технологијата за „читање од соништата“.

извор:informer.rs