Неверојатно: Влезе во Гинисовата книга на рекорди - 84 години работел во ИСТА КОМПАНИЈА (ВИДЕО)

Бразилецот Валтер Ортман, кој има точно 100 години, влезе во Гинисовата книга на рекорди бидејќи 84 години работи во иста компанија!

Во 1938 година, според бразилските медиуми, Ортман се вработил како млад човек во производството на компанијата за ткаенини „RenaukView“ во Санта Катарина, а подоцна се преселил во администрацијата и стигнал до позицијата директор за продажба.

На 19 април тој го прослави својот 100-ти роденден во друштво на колегите, пријателите и семејството. Велат дека е во добро здравје, одлична ментална бистрина и меморија, внимава што јаде, редовно вежба, па има доволно енергија секој ден да стигне до канцеларијата.


За него титулата Гинисов рекорд е чест и привилегија, а од долгогодишната кариера истакнува дека најдоброто од неговата работа е тоа што бил посветен и корисен.

-Одработив работа полна со волја и борбеност и секогаш бев мотивиран. Не можете да работите некаква работа за да можете да кажете дека сте вработен. Тоа не функционира. Нема да издржите. Мора да го сакате тоа што го работите – советува Волтер.


Фото и Видео: Youtube