Ни се ближи судниот ден: Еве кога ќе се случи апокалипсата
фото: shutterstock
„Крајот на светот ќе се случи овој месец“, е ставот на Твитер и Фејсбук заедниците.
Како што влегуваме во 21 век, секоја година слушаме приказни и шпекулации за претстојниот крај на светот, апокалипсата, Судниот ден.
Овие теории на заговор започнаа на крајот на втората декада на векот, особено откако се појави приказната дека пророштвото на Маите е погрешно протолкувано и дека крајот на светот не требало да биде на 21 декември 2012 година, туку 21. декември 2020 година.
Античките Маи пресметале дека во 2012 или 2020 година, Земјата ќе влезе во следниот соларен максимум, односно дека ќе комуницира со огромна црна дупка, што, пак, ќе донесе негов судир со планетата Нибиру.
Според астрономите и нивните пресметки, Јупитер и Сатурн навистина ќе бидат на растојание од само 0,1 степен едни од други на 21 декември, значи за 4 дена, што е една петтина од дијаметарот на полна месечина. Звучи злобно, нели?
Пасторот Пол Бегли, почитуван во неговите кругови во САД, минатата година тврдеше, докажувајќи го тоа дури и математички, дека сме направиле сериозни грешки при толкувањето на пророштвото на Маите.
„Секогаш кога Јупитер и Сатурн ќе се приближат толку еден до друг, а следниот пат кога ќе го сторат тоа за 500 години, следи катастрофа на Земјата. Последен пат ова се случи во 1623 година и беше хорор на целата планета. Маите велат дека 21 декември е Судниот ден.
Во последните денови владее целосен хаос низ социјалните мрежи, а теоретичарите на заговор, кои станаа многу популарни оваа година поради коронавирусот, добија нова доза на самодоверба за да шират паника.
„Крајот на светот ќе се случи овој месец“, е нивниот став на Твитер и Фејсбук.
Бројни американски медиуми контактираа претставници на НАСА во 2012 година, како и оваа година, кои ги отфрлија овие теории.
„И покрај тоа што тие зборуваа за крајот на светот во 2012 година, сите останавме на Земјата. Нема Нибиру, нема докази за таа планета “, е ставот од НАСА.
извор: alo.rs