Ние сме биле најгрдата нација во Европа- според Reddit! Кој е прв?

На социјалната мрежа Редит е објавена мапа на најубавите европски нации на кои на прво место се Швеѓаните.

Мапата е резултат на истражување спроведено на Reddit, а корисниците гласале на прашањето од која земја им се најпривлечни луѓето. Корисниците гласаа по сопствен вкус, па резултатите се многу субјективни.

На прво место се Швеѓаните со 518 бодови, потоа Французите со 134, Шпанците со 103 и Норвежаните со 100 бодови. Од земјите во регионот најдобри се Хрватите со 25 бода, а потоа Србите со 17. Жителите на Словенија добија 9 бода, а населението на Босна и Херцеговина 4. Интересно е што жителите на Ватикан освоиле дури 33 поени.

Македонија ја нема на оваа листа, а Македонците имаат нула поени во однос на привлечност според гласачите.

Истражувањето е спроведено на мал примерок од само 1926 луѓе, па тешко е да се претпостави колку се веродостојни резултатите, а некои корисници на Редит ги доведуваат во прашање.

„Источна Европа има лоша репутација на оваа мапа. Причината е веројатно тоа што земјите од Источна Европа се помалку застапени во медиумите, така што луѓето навистина не знаат како изгледаат жителите. Одете во Естонија, погледнете ги тие луѓе. Тие се убави “, напиша еден корисник.

„Како што гледам, сите го избраа спротивното. Скандинавците, на пример, ги гледаат Шпанците како егзотични и убави. Шпанците ги гледаат Скандинавците како егзотични и убави“, додаде друг.

Извор: индекс.хр

Фото: Screenshot Youtube