Ние со дупло поголеми бројки од Грција: Јужниот сосед добро се справува со коронавирусот

Грција е земјата која од сите останати во наша близина одлично се справува со пандемијата на коронавирус. И додека кај нас бројките никако да стивнат, таму е забележан пад.

Од почетокот на пандемијата до денес, Грција има регистрирано 4,401 случај на ковид-19, починале 203, а се излечиле 1.374.

Македонија има регистрирано 10,617 случаи на ковид-19, 480 починаа, а 6.030 се излечија.