Никако овие нешта не ги правете: Ви пречат на патот да се збогатите
Новинарот Наполеон Хил почнува да ги истражува патиштата кон богатството пред цели 80 години.
Тој истражува над 500 милионери, кои сами се стекнале со статусот милионери. Неговиот труд се претвора во популарната и до денес финансиска класика „Мисли и ентузијазам“.
Во прилог на начините за акумулација на пари Хил ги открива и најчестите причини поради кои некој не може да се збогати.
Ви претставуваме 17 нешта кои ви пречат да се збогатите:
1. Немате точно определена цел.
2. Ви недостасува доволно амбиција.
3. Сметате дека само завршување на високото образование е доволно. Вистински успешните луѓе постојано се стремат да учат нови работи и да стекнуваат нови вештини.
4. Не сте доволно дисциплинирани во однос на работата и финансиите.
5. Не се грижите за себе. Човек кој не е здрав и во добра форма, тешко може да се постигне успех.
6. Ги одложувате најважните и тешки работи.
7. Непостојани сте.
8. Гледате кон животот негативно. Ако сакате да се збогатите, навистина треба да верувате дека е можно. 9. Ви недостасува решителност. 10. Сопругот / сопругата не ве поддржува. Збогатувањето бара внесување на многу труд и без поддршка од дома ќе ви биде навистина тешко. 11. Не ризикувате. Кога е обмислен и ослободен, ризикот може да ви донесе многу. 12. Комуницирате со погрешните луѓе. Погрижете се да комуницирате со оние кои имаат ист ентузијазам како вас, за да добивате стимул од уште едно место. 13. Стоите на работа која не ви се допаѓа, само заради безбедноста. Застојот нема како да ве доведе до добар резултат. 14. Не се концентрирате на одредена задача или цел, сакате да ги постигнете сите одеднаш и веднаш. 15. Немате мотивација. 16. Тешко работите во тим, не успеавате да создадете трајни, лојални врски со партнери, колеги, соработници. 17. Не сте подготвени да пробате нови работи. А во денешно време иновациите го движат светот. Не го заборавајте тоа.