НЛБ Банка овозможува плаќање со Google Pay

НЛБ Банка, следејќи го трендот на дигитално напредните банки, на своите клиенти кои ја користат апликацијата NLB Pay им овозможи плаќање со светскиот дигитален сервис Google Pay™, дома и во над 60 земји во светот.

Унапредената мобилна апликација нуди низа нови функционалности кои дополнително го подобруваат корисничкото искуство на бесконтактните плаќања, овозможувајќи истите да бидат уште побрзи, полесни и посигурни.

NLB Pay мобилниот паричник овозможува дигитализирање на НЛБVisa и Mastercard платежните картички во Google Pay™ преку Android смартфон или смарт часовник, и можност за користење и плаќање со сите картички на клиентот во Банката.

Апликацијата нуди и преглед на сите направени трансакции со картичките, како и состојба на сметка за секоја поединечно дигитализирана картичка. Дополнителна придобивка на сервисот е можноста за дигитализација на сите картички за лојалност со баркод.

Постоечките корисници на NLB Pay потребно е да направат апдејт на апликацијата за да продолжат непречено да ја користат, додека новите корисници на NLB Pay, може да ја преземат апликацијата преку Google Play store, целосно бесплатно. Апликацијата е достапна на мобилни уреди со Андроид оперативен систем 7.0 и повисоки верзии.

Повеќе информации околу функционалностите и користењето на NLB Pay апликацијата може да се преземат / добијат на следниот ЛИНК

ПР објава