НЛБ Банка со донација за Територијалната противпожарна единица во Берово
НЛБ Банка донираше опрема на Територијалната противпожарна единица во Берово. За потребите на службата, НЛБ Банка обезбеди делови за хидрант, црева, продолжетоци и спојувања, млазница и моторна прскалка - опрема која раководството на службата ја посочи како неопходна за превенција и справување со пожари.
„Пожарите во текот на летото и проблемите со кои се соочуваа противпожарните единици во земјава покажаа недостаток на потребната противпожарна опрема. Со цел да обезбедиме подобра контрола на пожарите, веднаш и без двоумење одговоривме на барањето на Противпожарната единица во Берово, поттикнати од серијата големи шумски пожари, во кои посебно беше загрозен Малешевскиот крај. Пожарите се катастрофи кои директно го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, шумскиот фонд и целокупниот биодиверзитет во земјата. Веруваме дека со оваа донација даваме придонес кон зголемување на капацитетите, подготвеноста и ефикасноста на единицата на противпожарна заштита во превенција и справување со пожари.“’ – велат од НЛБ Банка.
„Малешевскиот регион изобилува со високо-стеблеста шума и пожарот кој ова лето го погоди нашиот крај навистина предизвика огромна и ненадоместлива штета. За жал, пожари беснееја низ целата земја што ја потенцираше потребата од добро обучени кадри и квалитетна опрема за противпожарните служби. Со оглед на сé повисоките температури во текот на летото, шумските пожари се и остануваат голем предизвик за единиците на противпожарна заштита и институциите. Токму затоа, упатуваме огромна благодарност до НЛБ Банка која уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност и излезе во пресрет на нашите барања за дополонување и обнова на нашата противпожарна опрема.“ – истакнува Сашко Руменовски, Командир на Територијалната противпожарна единица во Берово.
Оваа донација на НЛБ Банка е надополнување на донацијата во медицинска опрема и лекови коja летово ја обезбеди Словенечката амбасада во Р. Северна Македонија, а беше наменета за екипите на противпожарната заштита и пожарникарите кои дојдоа на испомош од Словенија во Берово и истата претставува одличен пример на солидарност и меѓуинституционална соработка во служба на општественото добро.
НЛБ Банка е општественo одговорна компанија и активен чинител во средината во која делува. Банката е силно посветена на проекти кои овозможуваат одржливост, со посебен фокус на организации, служби и институции од јавен карактер кои имаат витална улога во општеството и работат за добробит на заедницата.
ПР објава