Спорт // Спорт
Ноле се огласи од самоизолација на Видовден: Со силни зборови на патријархот Павел
Новак Ѓоковиќ за првпат се обрати во јавноста откако во Задар беше инфициран со коронавирус.
Тоа го направи на својот профил на Инстаграм, во три постови, поврзани со денешниот голем српски празник Видовден.
Баш на овој празник, на кој се одигра Косовскиот бој далечната 1389 година, Ѓоковиќ реши на своите 7.4 милиони следбеници да им испрати пораки врзани за јужната српска покраина, по повод Видовден, а со зборовите на патријахот Павел.