Нов циклус обуки од Мотива Центарот за менаџмент образование и обука во проект подржан од Фонд за иновации и технолошки развој

Доколку посакувате во наредните години да станете Специјалист за човечки ресурси, Специјалист за продажба, Специјалист за ИТ, Специјалист за набавки, Специјалист за маркетинг или Специјалист за финансии - присуството на една од овие on line во живо обуки е првиот чекор кон големата цел.

Мотива испорачува шест обуки од проектот Одржливи вештини за раст и развој-Sustainable skills for Growth and Development, проект подржан од Фонд за иновации и технолошки развој.

Обуките се посебно дизајнирани програми, наменети за насочување и почеток на едукација на невработени, студенти или вработени, кои сакаат да градат кариера и да се специјализираат и работат во една од горенаведените дејности  во наредните неколку години во рамките на секторите и одделенијата за човечки ресурси, продажба, маркетинг, набавка, финансии или информатичка технологија во јавен и приватен сектор или во своја компанија.

Мотива Ве поканува за учество во обукaво живо on-line (преку Zoom) за вештини, алатки, знаење и начин на размислувањекои ви се потребни за да станете специјалистна работното место што го посакувате.

- Обука за Специјалист за човечки ресурси 25,27,28Maj  од 18-20,00 час

- Обука за Специјалист за ИТ  08,09,10 Јуни од 18-20,00 час

- Обука за Специјалист за продажба 01,03,04 Јуни од 18-20,00 час

- Обука за Специјалист за маркетинг  08,09,10 Јуни од 18-20,00 час

- Обука за Специјалист за набавки  15,16,17 Јуни од 18-20,00 час

- Обука за Специјалист за финансии  01,02,03 Јуни од 18-20,00 час

Секоја поединечна насочувачка обука е организирана во шест модули кои овозможуваат развој на вештини и знаења кои заедно со другите посочени извори на учење и практична работа, во наредните три до шест години ќе им помогнат на учесниците на обуката во специјализирање и професионален развој, во секторите и одделенијата или во отворање на свој сопствен бизнис во дејноста за која се заинтересирани.

Обуката во траење од 3 дена по 2 часа е исполнетасо активно искуство за учење,  вмрежување, менаџмент игри,повеке спикери, панели, работа во помали тимови. Секој учесник добива сертификат за завршена обука.

Цената за учество во поединечните обуки е:

-за физички лица-невработени, студенти и вработени  Ден. 2,500.00 (2,118.64 +  ДДВ 18%  381,36 ден) 

-за правни лица-по вработенДен. 8.500 (7,203.39 + ДДВ 18% 1,296.61 ден)

Доколку сакате повеќе информации од претставниците на Мотива, побарајте на тел. 070 358 680  и  02/3061114 или контактирајте на email:motiva@t.mk

ПР објава