Нова кампања на Телеком #WhatWeValue за поддршка на волонтеризмот на генерацијата Z
* Лидерите на волонтерските проекти од генерацијата Z можат да пријават непрофитни проекти, да се поврзат со заедницата и да привлечат нови волонтери, за што им се отвора можност да добијат дополнителна поддршка од Телеком.
* Кампањата е дел од постојаната заложба на Дојче Телеком за поддршка на дигиталниот оптимизам на генерацијата Z.
* „Донирај компјутер“ и Ways2Help се првите волонтерски организации коишто ќе добијат поддршка од Дојче Телеком за уште повеќе да го зајакнат своето влијание.
Дојче Телеком му дава поддршка на волонтеризмот на генерацијата Z преку бесплатната глобална дигитална платформа #WhatWeValue (#ШтоВреднуваме). #WhatWeValue произлезе од фактот што 82% од генерацијата Z на глобално ниво велат дека тие се на некој начин активни во застапувањето и активизмот при што најголемата мотивација е токму влијанието врз заедницата, пријателите и семејството[1]. Брендот, пак, ја препознава важноста од преземањето акција од страна на идните генерации во однос на животната средина и социјалните каузи и ја нуди својата поддршка преку оваа иницијатива.Платформата ја користи технологијата NFT за да ги трансформира можностите на дигиталното поврзување во вредност од реалниот свет, истовремено промовирајќи ги каузите коишто се од значење за генерацијата Z.
Дигитална заедница и NFT за „добро“
Пристапот до платформата е слободен.Таа е отворена за лидерите на волонтерски проекти на возраст помеѓу 18 и 30 години од земјите во Европа каде што е присутен брендот на Телеком со цел хостирање на нивните волонтерски проекти.Лидерите на проектите коишто ги исполнуваат задолжителните критериуми можат да ја претстават и збогатат својата работа на платформата.Разновидните категориина проекти опфаќаат полова, расна и социјална еднаквост, застапување за лицата со попреченост, климатски промени, урбана регенерација, ментална благосостојба, миграции и друго.
Создавање влијание во реалниот свет
Онлајн заедницата #WhatWeValue може да ги поттикне (со кликнување „ми се допаѓа“, „сподели“ и „заследи“) прикажаните проекти и на тој начин да ја зголеми нивната севкупна вредност и да им обезбеди повисок ранг.На крајот од секој месец, двата проекти со највисока вредност добиваат прилагодена поддршка од Телеком за да стекнат ултра поттик за нивните каузи.
Веќе се познати и првите волонтерски организации на национално ниво коишто ќе добијат безготовински бенефиции од Дојче Телеком. Од Македонија, тоа се волонтерските организации „Донирај компјутер“ и Ways2Help.
https://whatwevalue.telekom.com/mk-MK
Македонски Телеком
ПР објава
[1]VICE Media Group Youth Census, Global Gen Z & EMEA, јуни 2022