Новак, навистина си голем човек! Го прекина тренингот во паркот, а потоа истрча да и помогне на жена која се бореше со тежок куфер
Новак Ѓоковиќ е одличен тенисер, според многумина најдобар досега, но е и голем човек, а тоа го покажува речиси секој ден.
Неговиот тренер Марко Паничи снимил интересна ситуација кога Новак тренирал во парк во Париз, каде ќе ја брани титулата на Мастерсот во Берси оваа недела.
Имено, Новак решил да го прекине тренингот за да им помогне на жените кои се мачеле со прилично тешките куфери.
Ѓоковиќ прво зел еден куфер, го носел неколку десетици метри, а потоа се вратил по друг, кој исто така го носел и помогнал на една девојка, по што продолжил да го носи куферот наместо нив.
Неговиот тренер истакна дека е горд и среќен поради овој гест.
- За време на загревањето во паркот ме остави со ластик во раката и истрча да и помогне на една госпоѓа која имаше проблем со багажот и тргна по неа до станицата. Очигледно е дека тренинзите завршија, но сепак сум среќен. Едноставно, Ноле – напиша Марко Паники со видеото кое го објави.
Овој гест на Новак воодушеви многумина, кои на Инстаграм на неговиот тренер напишаа пофалби за Новак и неговото „златно срце.
(Telegraf.rs)