Нови промотивни услови за кредитите за физички лица од Силк Роуд Банка
Силк Роуд Банка АД Скопје излезе со понуда со нови промотивни услови за кредитите за физички лица и American Еxpress кредитните картички.
Новите олеснителни промотивни услови за сите кредитни апликации за физички лица до 30.06.2020 година се без административни трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот за станбените кредити.
Новите карактеристики на кредитните производи за физички лица на банката се следниве:
·Потрошувачки кредит со/без животно осигурување со рок на отплата до 95 месеци и фиксна каматна стапка од 5.5% за првите 24 месеци;
·Станбен кредит до 400.000 евра, со фиксна каматна стапка од 2.5% за првите три години, 3.5% за 4-тата и 5-тата година, односно 5.5% променлива за останатиот период;
·American Express кредитни картички со промотивна каматна стапка од 5.75% за сите нови примени апликации и со можност за поврат на средства до 15% од направени трансакции кај одредени трговци.
Целосната понуда на банката за физички лица може да се погледне на веб страната www.silkroadbank.com.mk
Со цел полесен пристап и информации за производите и услугите на банката, сите заинтересирани може да ја пополнат електронски контакт формата со клик овде, да го одберат производот или услугата за која се заинтересирани без потреба од посета на експозитура и во најскоро време ќе бидат контактирани од продажните агенти на банката за детални информации и пресметки во врска одбраниот прозвод или услуга, како и за условите за аплицирање.