Нови услови на потрошувачките кредити од Силк Роуд Банка
Силк Роуд Банка АД Скопје почнувајќи од месец септември воведе нови услови за потрошувачките необезбедени кредити. Имено, сите постојни и идни клиенти на банката можат да аплицираат за потрошувачки кредити до максимален износ од 1.200.000 денари.
Исто така, клиентите кои имаат кредитни изложености во други банки можат истите да ги рефинансираат со потрошувачкиот кредит „Еден за Сè“ специјално наменет за рефинансирање на кредити од други банки, со фиксна загарантирана каматна стапка за првите 24 месеци од отплатата на кредитот и во максимален износ до 1.200.000 денари.
Од банката информираат дека во тек е промотивен период до крајот на оваа година, односно сите примени апликации за потрошувачки кредити се без административни трошоци за исплата.
Повеќе информации може да погледнете на веб страната www.silkroadbank.com.mk или во експозитурите на банката.