Ново електронско банкарство за правни лица од Силк Роуд Банка АД Скопје
Силк Роуд Банка АД Скопје воведе посовремен систем на електронското банкарство за работа на правни лица. Новото решение работи на база сигурносен токен (КИБС дигитален сертификат), со внесување на соодветна лозинка. Електронското банкарство на сите постојни и идни правни лица клиенти на банката им овозможува вршење на банкарски работи и услуги, без потреба од посета на експозитурите на банката
“Новата верзија на електронското банкарство за правни лица е со целосно нов дизајн во чекор со современите трендови и барања на компаниите. Со користење на електронското банкарство, компаниите во секое време од денот имаат увид во состојбата на сметките, можност за вршење на плаќања во земјата и странство, креирање на шаблони и зачувување на истите за идни плаќања, вчитување на плати, девизни приливи и менувачница. Електронското банкарство може да се користи веднаш, со отворање на сметка на компанијата во банката и издавање на сигурносен токен-дигитален сертификат во експозитура на банката. По пуштатењео во употреба на новиот систем, во годината која следи, Силк Роуд Банка АД Скопје активно ќе работи на усовршување на системот со нови можности за компаниите, за лесно, ефикасно и едноставно вршење на систе банкарски работи 24/7, без никаква потреба од доаѓање во експозитурите на банката и неповрзани со работното време на банката”, вeлат од Службата за производи и поддршка на продажбата во банката.