Новогодишна разгледница: Синовите на Ламбе Алабаковски уживаат во празничен амбиент

Поп-пејачот Ламбе Алабаковски со семејството околу три години живее на Флорида, во САД.

Деновиве во духот на празничното расположение, на својот Инстаграм профил, Ламбе објави фотографии од двете преслатки синчиња Михаил и Димитриј кои позираат покрај новогодишната елка и мноогу подароци, а фотографиите се како вистински новогодишни разгледници.

Инкау кон крајот на април оваа година, македонскиот пејач стана татко по втор пат на синчето Димитриј, додека првиот син, Михаил се роди токму на роденденот на Ламбе, на 16 ноември во 2014 година. 

„Од кал да е, Магдалена да е“, изјави во една прилика Ламбе за својата сопруга, која е вистинска убавица. 

ГАЛЕРИЈА oд новогодишната фотосесија на Михаил и Димитриј:
фотографии: instagram/lambealabakovski