Обична фотографија крие морбидна тајна: Добро погледнете ја, можете ли да воочите за што се работи?
Многумина би се согласиле дека ова е една од најстрашните и најтажните фотографии на светот
Се претпоставува дека настанала во 19 или 20 век. На прв поглед изгледа како фотографија од обичен брачен или заљубен пар. Сепак, таа крие многу морничава тајна.
На сликата жената е облечена и нашминкана, што би било сосема нормално да не постоела приказна што се крие зад фотографијата. Таа е направено два дена по смртта на жената. Кога ќе погледнете малку подобро, ќе видите дека таа навистина не изгледа како жива личност. Причината за смртта не е позната, а нејзиниот сопруг решил да ја дотера, нашминка и да направи последен спомен со неа.
This woman in this photo is actually dead. Her husband took it two days after she passed away. pic.twitter.com/MRRBUQpGCx
&mdash(fake) (Off) (@angelan49555542) May 6, 2022
Постморталната фотографија (меморијална фотографија) била најзастапена во Европа и Северна Америка и траела до почетокот на 20 век. Положбата на телото на тие фотографии би била многу вешто и лукаво дизајнирана, така што покојникот навистина изгледа како се уште да е жив. Често мртвите се позиционирани да изгледаат како само да спијат, што на фотката не е случај.
Од денешна перспектива, оваа практика изгледа морбидно и застрашувачко, но во време кога младите и децата умираа почесто од денес, тоа беше многу утешно - тие сакаа да го одржат споменот на своите најблиски.