ОБЈАВЕНА Е ЛИСТАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ: Еве каде е Македонија
Магазинот Global Finance ја објави листата на „Најбогатите и најсиромашните земји во светот“.
Според таа листа, најбогати земји во светот се Луксембург, Сингапур, Ирска и Катар. Најсиромашни се Сирија, Авганистан, Либан и Украина.
Од регионот најдобро рангирана е Словенија на 38 место, а Македонија е дури на 78 место. Хрватска е на 53. место, Црна Гора е на 69. позиција, Босна и Херцеговина е на 88. место, а Албанија е на 92. место.
„Ако едноставно го земеме предвид бруто домашниот производ на една земја - збирот на сите добра и услуги произведени од земјата во една година - тогаш ќе треба да заклучиме дека најбогатите нации се токму оние со највисок БДП, како што се Соединетите Американски Држави, Кина, Јапонија и Германија. Но, како може економиите на, на пример, Сингапур или Луксембург да се израмнат со економиите на толку моќни структури кога тие се само мали точки на светската мапа“, пишува магазинот
Друг проблем со БДП е, како што пишува Global Finance, што не ја мери распределбата на богатството.
„Затоа, попрецизното претставување на условите за живот на луѓето започнува со делење на националниот БДП со бројот на луѓе кои живеат таму. БДП по глава на жител и неговата стапка на раст ни кажуваат многу повеќе за општественото богатство кое е потенцијално достапно за секој човек и дали ова богатството со текот на времето се зголемува или намалува“, се наведува во текстот.
ФОТО: EPA/JULIEN WARNAND