Од бес или нешто друго: Руски јутјубер искрши електрично порше вредно 175.000 евра (ВИДЕО)
Јутјуберите од Русија
се познати по својата „ароганција“ со која собираат кликови, а ова е само
последното во низата ...
Михаил Литвин наводно дошол во салонот на Порше да купи нов автомобил. Јутуберот седнал во скапиот Taycan Turbo S за да види како изгледа автомобилот одвнатре, а потоа „случајно“ ја стиснал гаста, за наскоро да заврши на паркингот пред салонот, летајќи низ стаклениот ѕид.
Литвин е истото момче кое пред неколку месеци го запали својот Mercedes AMG GT 63 S, вреден над 200.000 евра, со цел да му покаже на локалниот претставник на познатата германска марка дека повеќе не може да претрпи чести дефекти. А, тоа видео од октомври собра скоро 22 милиони прегледи ...
Летечкиот Порше низ изложбениот салон беше објавен на Јутјуб, а видеото веќе има над четири милиони прегледи.
Фото и Видео: Youtube/ЛИТВИН
Mожеби ќе ве интересира:
Нуркачи на дното на езерото пронајдоа сеф: Кога го отворија, имаа што да видат