Од бездомник до милионер: Со 500 долари отишол во „ветената земја“, спиел по улици, едвај јадел, сега има богатство

Ник Мокута, пораснал во Романија, а на 21 година решил радикално да го промени својот живот. Со 500 долари се преселил во Лос Анџелес и станал бездомник, меѓутоа, денес - сите му завидуваат.

Првите неколку недели по пристигнувањето во ветената земја ги поминал на улица, спиејќи на клупи во паркот и едвај наоѓал храна.

- Првото такси кога пристигнав ме чинеше околу 100 долари, па ми останаа уште 400 долари на стартот. Тоа беше културен шок и никогаш нема да го заборавам тој почеток. Се најдов во ситуација да бидам бездомник, да спијам на клупи и да јадам најевтина храна. Кога одев во Мекдоналдс да купам плескавица за еден долар, секогаш нагласував „без сирење“, за да не ми наплатат дополнително – се присетува Мокута за „Bored panda“.

View this post on Instagram

A post shared by Nick Mocuta (@nickmocuta)


Во текот на следните неколку месеци, Ник успеал да најде некои ниско платени работни места и да заштеди доволно пари за да го плати депозитот за станот и да добие лиценца за агент за недвижнини.

Иако околностите во неговиот живот почнале да се развиваат на подобро, во 2013 година се одлучил за ризичен експеримент. Препродажбата на увезени артикли од една од најголемите онлајн страници во светот ја разбудила љубовта кон е-трговијата кај него и тој се збогатил за само неколку месеци деловно работење.

Работата агент за недвижности станала вишок, кога неговиот сајт заработувал од три до четири илјади долари месечно, па решил да ја напушти.

View this post on Instagram

A post shared by Nick Mocuta (@nickmocuta)


- Пораснав во семејство во кое татко ми беше сметководител, мајка ми учителка, па училиштето ми беше на прво место во текот на растењето. Сепак, по дипломирањето, емигрирав во Америка изгорен од желбата да работам. Секогаш мислев дека иднината е онлајн, и сакав да бидам дел од неа – изјави Мокута.

Девет години подоцна, Ник поседува неколку онлајн продавници, вклучувајќи ги и оние на платформите Амазон и Волмарт. Досега има заработено 40 милиони долари и оствари стотина партнерства со клиенти. Своите тешко заработени пари ги вложил во 100 станови низ САД и Романија и четири луксузни автомобили.

View this post on Instagram

A post shared by Nick Mocuta (@nickmocuta)


Вели дека вечно ќе и биде благодарен на својата покојна баба која му ги подарила 500-те долари со кои првпат дошол во Америка. Сега се грижи за останатите членови на семејството, ѝ им купил станови на родителите и на братот.

- Мислам дека сум успешен затоа што никогаш не се плашев да загубам. Јас сум многу упорен и никогаш не се откажувам. Ако седум обиди не успеат, осмиот успева сигурно. Ми се допаѓа што можам да работам од дома, ми треба само лаптоп и интернет и еве ме на работа – заклучил милионерот.


Фото: Инстаграм/Ник Мокута