Од денес, Србите можат да влезат во Грција преку нашата земја: Еден граничен премин е отворен
Секој Србин што патува за Грција преку Северна Македонија, ќе мора да го почитува петчасовното правило
Од денес, граѓаните на Србија ќе можат да патуваат во Грција преку нашата земја, без да бидат тестирани за вирусот Ковид-19.
Грција денес ги отвора своите граници за 29 држави, вклучително и Србија, а Владата одлучи да овозможи непречен транзит на сите странски државјани низ територијата на нашата земја, со одредба дека ќе можат да останат во земјата најмногу пет часа, изјави портпаролот Муамет Хоџа.
Владата на РС Македонија донесе одлука странците во транзит низ земјава да можат да ги користат граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Kафасан, Блаце и аеродромот во Скопје за целосно да го либерализираат режимот на влез и излез.
Само преминот Богородица / Евзони ќе биде отворен за Грција, додека Дорјан останува затворен.
Овој транзит, според владата подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг премин, со обврска да не се напушта автопатот или локалниот пат и да се изврши транзитот во рок од најмногу пет часа.
Странски државјани ќе патуваат низ земјата со потврда која ќе треба да ја пополнат при влез на македонска територија и да ја предадат на граничната полиција при напуштање на македонска територија.
Ова значи дека граѓаните на Србија, исто така, ќе можат да патуваат во Грција преку нашата земја, без да бидат тестирани за можна инфекција со вирусот „Ковид-19“.
Грција на 29 мај објави дека ќе ги отвори своите граници за 29 земји-членки на ЕУ и земјите што не се членки од 15-ти јуни.